Mаж загина во пожар во својот дом
Седумдесет и осумгодишен маж со иницијали М.Р., загина вчера во пожар во домот во тетовското село Рогле.
Со интервенција на тетовските пожарникари пожарот бил целосно изгаснат, информираат од МВР.
На местото увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се работи на расчистување на случајот.