МакедонијаНајново

Ќерка на поранешен министер во Албанија загина во сообраќајна несреќа на патот Тетово – Скопје 

Ева Таво, ќерка на Ванѓел Таво, поранешен пратеник и поранешен министер за здравство во Албанија, загина во сообраќајна несреќа во Македонија. Веста на социјалните мрежи ја потврди и самиот Таво.

Веста ја потврдија и од МВР. Несреќата се случила во реонот на селото Ласкарци, на патот од Тетово кон Скопје.

„На 28.11.2023 година во 14:00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во правец од Тетово кон Скопје, во реонот на с.Лласкарце, патничко возило „Ауди“ со Албански регистерски таблички, кој го управувал албанскиот државјанин В.М.(40), излетал од патот. Од здобиените повреди во незгодата на лице место починала сопатничката Е.Т.(24) од Р.Албанија, додека лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт. Во меѓувреме, возачот на В.М е тешко повреден“, информираа од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons