Македонија

По десет дена прекин, повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола

По повеќе од десет дена застој, од вчера попладне во 14:30 часот повторно сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола преку Велес и Прилеп и обратно.

Возот, кој не сообраќаше поради расипана локомотива, утрово во 5:46 часот, од Битола пристигна на Железничката станица во Велес.

Попладнево во 14:30 часот, возот тргна од Железничката станица во Скопје, а во 15:20 минути од Велес ќе продолжи кон Прилеп и Битола, информираат од Железничката станица во Велес.

Патниците од Велес, Прилеп Битола, Скопје и попатните станици бараат од ЈП „Македонски железници“ повторно да се вратат и другите два воза, кои сообраќаа на оваа релација Скопје-Битола и обратно, а кои беа укинати пред околу два месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons