Доктор Нико Беќаровски со совети до граѓаните како да се заштитат од загадениот воздух
Секоја зима скопјани, но и граѓаните на цела држава, мака мачат со загаденот воздух. ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките кои се канцерогени, за време на најстудените денови се зголемуваат некогаш и десеткратко, па е невозможно да излезете надвор а да не бидете изложени на нив.Поради тоа треба да знаеме што да конзумираме во текот на целата зима за телото да се чисти од овие отровни материјали и истите да не направат штета по здравјето.
Имено, вчера Македонија беше на прво место по загадување на воздухот во Европа, па за таа цел на социјалната мрежа Фејсбук, се огласи доктор Нико Беќаровски и на граѓаните им даде некои совети како да се заштитат од истото.
Храна богата со каротени (моркови, спанаќ, брокули, кељ, , бабури, домати, тиква итн), витамин Д и Е имаат ефект во намалување штетните последици. Внесот на Витамин Ц, куркумин, холин и омега 3 мастите исто има позитивен ефект, вели тој.
Дајте им на Вашите деца “рибино масло” наутро и нема да згрешите, во овие есенски и зимски магливи денови, додава Беќаровски кој покрај тоа сподели и линк од студија (научно потврдени со ниво на докази Б) на која може да прочитате повеќе совети како да ја адаптирате исхраната за да го намалите штетниот ефект од истите.