Од вторник можни се нови блокади во Скопје – Приватните превозници повторно без плата
Приватните превозници повторно немаат земено плати, но ќе чекаат до вторник да бидат одобрени средства на седница на Град Скопје за да им бидат исплатени заостанатите средства. Од тоа ќе зависи дали ќе продолжат со работа или повторно ќе излезат на улица да протестираат.
Според информации на Телма им било ветено дека советниците ќе ги изгласаат субвенциите за ЈСП со кои би се покрил и долгот кон приватните превозници.
Приватните превозници пред околу половина година почнаа повторно да сообраќаат и да ги опслужуваат граѓаните откако се договорија со Арсовска да им ги исплати средствата кои ЈСП им ги должел претходните години и им вети дека ќе им даде субвенции со кои ќе треба да го обноват возниот парк. Тие субвенции до сега не ги добија.