ЕК: Нема напредок во судството и борбата со корупција во Северна Македонија
Нема напредок во судството и во борбата со корупцијата, се наведува во најновиот извештај на ЕК за напредокот на нашата земја. Во голем мера влијание на тоа имале и измените на Кривичниот законик, што беа изгласани во брза собраниска процедура, пишува во извештајот.
„Нема напредок во судството минатата година. Судскиот систем останува на одредено и умерено ниво на подготовка. Судскиот советот треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротивстави на секое надворешно влијание. Загриженост за несоодветно политички влијание предизвика контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот совет. Има застој и во усвојувањето на новата стратегија за реформи во правосудството, со кои треба да се подобри работата на институциите,“ се наведува меѓудругото во извештајот.
Не е постигнат напредок, ниту во борбата против корупцијата. И во овој дел „земјата е меѓу одредено и умерено ниво на подготовка во превенцијата и борба против корупцијата“.