Пандев: Идол ми беше Савичевиќ, а име како Панчев можеше многу да помогне за мак фудбалот
„Кога беше Роналдо во Интер, јас тинејџер, а тој светска ѕвезда, најдобар играч во тоа време. Кога излегов на терен покрај него, се прашав, дали е можно ова? И тогаш ми се оствари еден сон“.
„Панчев во своето време беше најдобар, но мој идол од детството беше Савичевиќ. Жал ми е што Панчев никогаш не му помогна на македонскиот фудбал. Такво име можеше многу да помогне“.
„Како дете имав понуди од Ѕвезда и Олимпијакос, но претседателот на Беласица не сакаше да ме пушти. Имав само 15 години. Потоа стигна позивот од Интер“.
„Пратам и уживам во Евролигата кога играат Ѕвезда и Партизан и планирам да дојдам во Белград, да изгледам еден натпревар на Ѕвезда во живо. Додека ја гледам на тв атмосферата од Арена и од Пионир, секогаш си велам на себе си дека морам да бидам таму“, вели Пандев во интервју за спортал.рс