Свет

Обраќање на израелскиот премиер Нетанјаху: „Хамас е осуден на пропаст“ 

Во вечерашното обраќање до јавноста, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел се подготвува за копнена инвазија, и дека „милитантите на Хамас се осудени на пропаст“.

Тој нагласи дека израелските војници веќе „елиминирале илјадници терористи“, и дека работат „24 часа на ден“.

Во последната најава за инвазијата, израелски функционер одби да даде детали за копнената офанзива, велејќи дека таа не и е позната на јавноста и дека „така треба да биде“.

„Сакам да бидам многу јасен, времето на операцијата на ИД го одредува едногласно кабинетот што ја води војната заедно со началникот на Генералштабот“, рече Нетанјаху.

„Работиме да обезбедиме најдобри оптимални услови за нивните следни операции“, додаде тој.

Обраќајќи им се на Израелците, тој ги повика „ниту еден момент да не ги заборават“ убиените во нападите на Хамас.

„Тоа е како да ставате илјадници стрели во нашето раскрварено срце“, рече тој објавувајќи Ден на национална жалост во спомен на жртвите.

Нетанјаху продолжи да го повикува населението да се евакуира во јужниот дел на Газа, велејќи дека земјата им помага на граѓаните „да набават лично оружје на контролиран начин“.

„Мојата улога е да ја водам оваа земја и нејзиниот народ до целосна победа над нашите непријатели“, подвлече израелскиот премиер.

Заедно ќе се бориме и заедно ќе победиме“, заклучи тој.

Нетанјаху денеска се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека тероризмот е „заеднички непријател“ на Израел и Франција, додека израелскиот претставник рече дека армијата ќе го уништи Хамас и дека никој нема да мора „да живее под тиранијата“ на таа група.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons