„Ист Гејт“: Инцидентот е лоциран, по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжуваме со нормална работа
Трговскиот центар „Ист Гејт“ јавно се огласи во врска со инцидентот кој се случи денес во 15 часот, потенцирајќи дека инцидентот е целосно разрешен, а сите објекти продолжуваат да функционираат со нормално работно време.
– Би сакале да ја информираме јавноста дека трговскиот центар, по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по обезбедени мерки за тековна оператива. Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот. Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите, велат оттаму.