ВИДЕО: Македонци сведочат со каков страв и паника се соочиле по нападите на Хамас
Екипата на „КОД“ во интервју со велешанката Ѓурѓа Рушкова го раскажаа патот од Ерусалим до нејзиониот роден град Велес, кој бил крајно стресен и неизвесен.
Таа и нејзинот син на 1 октомври од Лондон каде живеат долго време заминале за Израел за да ги посетат светите места. Биле група од педесетина луѓе од најразлични националности.
Осум дена биле сместени во Палестина. Но, нивната туристичка посета на Витлеем преку ноќ се претворила во кошмар.
– На осмиот ден појадувавме сите заедно и требаше тој ден да одиме во Ерусалим. Наеднаш во ресторанот додека јадевме слушнавме пукање, бомби. Ги прашавме келнерите што се случува ни рекоа да не се грижиме, но како да не се грижиме, не беше тоа петарда. Во меѓувреме возачот дојде да не земе од пред хотел, но се јави на нашиот водич дека не може да влезе во Палестина границата е затворена, вели Рушкова