Свет

ХАМАС со ЕДЕН УСЛОВ за да ослободи 200 израелски заложници, попладнево објавено кој е тој

Претставник на Хамас побарал ослободување на 6.000 Палестинци, мажи и жени кои се држат во израелските затвори во замена за заложниците во Газа.

Израелската војска денеска соопшти дека на опколената територија има 199 заложници, што е повеќе од претходно проценетото. Калед Мешал, шеф на канцеларијата за дијаспора на Хамас, рече дека меѓу заложниците има високи офицери од израелските одбранбени сили – дивизијата Газа, која е одговорна за патролирање на Појасот Газа.

Изјавата на Мешал доаѓа набргу откако друг функционер на Хамас рече дека не ни знае дали заложниците се живи. Шефот за политички и меѓународни односи на Хамас, Басем Наим, изјави за Sky News дека е невозможно да се потврди дали заложниците се живи бидејќи „Газа е под силно бомбардирање“.

„Им кажавме на сите посредници дека сме подготвени да ги ослободиме сите цивилни заложници во моментот кога ќе престане агресијата врз нашиот народ“, изјави тој за Sky News.

Наим предупреди дека „континуираното бомбардирање од страна на израелските сили може да ги доведе во опасност животите на заложниците – од кои девет досега загинале “.

На прашањето дали прифаќа дека Хамас убива израелски цивили, Наим рече дека е „неприфатливо“ и дека е „навистина срамно“ да се зборува за нешто од пред една недела кога сега беа „убиени и масакрирани 3.000 Палестинци“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons