СОЛИДАРНИОТ ДАНОК ОДИ НА УСТАВЕН: Стопанска комора поднесе иницијатива за оценување на уставноста
За да ги заштити интересите на своите членки, но и да укаже на основните процедури и принципи на работа што мора да се почитуваат, Стопанската комора на Северна Македонија ја поднесе (четврток, 12.10.2023 година) Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на РС Македонија, со предлог за донесување на Решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени врз основа на оспорениот Закон, до донесување на конечната одлука.
Со неа, преку аргументиран пристап, бизнисот бара да се обезбеди гаранција на правната сигурност, како составен дел на принципот на владеење на правото што е неопходен во процесот на работењето на компаниите.
Во насока на искажување на масовна поддршка во постапката пред Уставниот суд на РС Македонија за поднесената Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на РС Македонија, со која дополнително ќе ја манифестираме неминовната потреба за обезбедување на ПРАВНА СИГУРНОСТ во вашето делување, во прилог ви проследуваме линк, на кој преку пристапување, пополнување на основни податоци (име на компанија, контакт маил и евентуален ваш коментар) и негова валидација на нашата веб-страница, заеднички ќе ја искажеме нашата заложба за предвидлив бизнис амбиент.