Актуелно

НЕ ДЕКА И ДОСЕГА БЕА ЕВТИНИ, АМА ОД УТРЕ ЌЕ БИДАТ ПОСКАПИ – цигарите ќе имаат нова повисока цена 

На ред за поскапување дојдоа и цигарите. Се најавува дека од утре една кутија цигари ќе се продава поскапо за по пет денари. 

Нови повисоки цени ќе добијат и пурите и цигарилосите.

Имено, од утре стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои се зголемени за цигарите, пурите и цигарилосите. Владата минатата недела донела одлука за измена на законот за акцизи која почнува да важи од 13-ти октомври. Со тоа, кутија цигари ќе се продава за 5 денари поскапо.

Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3.253 денари по парче и 9 отсто од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина. Дополнително, на членот 85 се додава нов член 85-а според кој акцзата на пури изнесува 21,73 денари по парче и 9 отсто од малопродажната цена, додека за цигарилосите 10 денари по парче и 9 отсто од малопродажната цена. 

Дополнително, секој 1 јануари до 2030 година, акцизата на цигарите според најавите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче.

Акцизата за цигари во Македонија е меѓу најниските во Европа, а цената на цигарите и пурите е далеку пониска отколку во европските земји и регионот.

Со измените се очекува во буџетот да влезеат околу 13 милиони евра годишно.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons