Македонија

Приведен 20-годишен велешанец, послужил малолетничка со алкохол во дискотека 

МВР информира дека на 08.10.2023 во 03.10 часот во угостителски објект во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Н.(20) од Велес затоа што во објектот послужил со алкохолен пијалок малолетничка од Велес.

За настанот бил известен социјален работник и во негово присуство со малолетничката бил извршен службен разговор во полициска станица.

Т.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons