МакедонијаНајново

Се ближи крајот на мандатот на Антикорупциска- до февруари треба да се формира новиот тим

Мандатот на актуелните членови на Државната комисија за спречување на корупција со работа истекува на 7 февруари 2024 година и согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, истакна претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Посочи дека ова значи дека од наредниот ден, 8 февруари 2024 година треба да почне со работа новата Комисија.

-Согласно Законот три месеци пред истекот на мандатот треба да започне процесот на избор за нови членови на Комисијата и ние тоа го споделивме со Комисијата за избор и именување во Собранието на Република Северна Македонија. Разговаравме со нив и укажавме дека Законот предвидел доволно време три месеци и со време да се почне постапката, за да не дојде во ситуација институцијата да биде без Комисија, вели Ивановска.

Потсети дека ако навреме не изберат нови членови на ДКСК, тоа ќе биде лош сигнал не само за граѓаните и меѓународната заедницата, туку заради тоа што наредната година во земјава ќе има претседателски и парламентарни избори.

-Уште повеќе што наредната година се предвидуваат избори и ако една од главните надлежности на оваа Комисија е следење на изборниот процес и на изборните кампањи и тоа не би било добра порака, ако институцијата остане без Комисија, вели Ивановска.

Ивановска е задоволна со постигнатите резултати на Комисијата во нејзиниот мандат.

-Имајќи во предвид дека оваа институција претходно имаше негативни оценки од страна на Европската комисија, доволно е да ги погледнете оценките. Таму се бележи нашиот резултат. Јас лично сум задоволна од аспект на тоа што ние пола мандат го поминавме со непроменети услови на работа, во однос на претходната Комисија, а додовме многу поразлични резултати. Отворивме горливи теми, коишто тежат на ова општество, вели Ивановска.

Таа забележа дека дадени се препораки од нивна страна и како овие проблеми да се надминат, но како што вели ДКСК не е последната институција во системот.

-Напротив после нас има други коишто треба да ја довршат работата и тука системот попушти. Така што од крајните ефекти не можам да бидам задоволна. Меѓутоа повторно ќе кажам, секој е одговорен за тоа што го работи, за тоа што е наша надлежност, наша одговорност, наша работа јас сум задоволна, вели Ивановска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons