НајновоСпорт

По 11 години се менува теренот на националната арена во Скопје

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор објави дека теренот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе добие нова трева и дека работата веќе е започната.

Теренот на нашиот најголем стадион неколку месеци беше во катастрофална состојба, а во прашање беа доведени и понатамошните настапи на македонската репрезентација на овој терен.

Промената на теренот се прави за прв пат по 2012, а во соработка со Фудбалската федерација на Македонија. Вредноста на инвестицијата и на донацијата не е позната и ќе биде соопштена, како што е најавено, кога ќе заврши работата на теренот.

– Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред натпреварот со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова ,најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции, соопштија денес од АДИССДП.

Се очекува новите услови на Националната арена да ќе ги подобрат условите за работа на македонските репрезентации и клубовите кои ќе играат на овој стадион. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons