Започна штрајкот во јавните обвинителства
Започна штрајкот на вработените во јавните обвинителства, објави репрезентативниот синдикат УПОЗ.
Вработените бараат зголемување на платите за 78 проценти и враќање на додатоците на плата.
Штрајкот ќе биде на сила во сите 28 јавни обвинителства низ земјава, а ќе трае се додека не се исполнат барањата на синдикатот.Претходно, беше објавено дека во јавните обвинителства ќе се работи само на итните случаи.