Актуелно

НАЈНОВА ВЕСТ: Шест лица и едно дете, македонски државјани заглавени меѓу престрелките во Бањска 

Група македонски граѓани се исто така заглавени во српското село Бањска, каде цел ден трае вооружебниот судир помеѓу сѐ уште непозната група и косовската полиција, објави телевизија Телма.

– Тие се обратија до нашата редакција, барајќи помош за нивно извлекување од селото. Велат дека се многу исплашени затоа што ситуацијата од час во час се влошува, објави телевизијата.

Станува збор за шест возрасни лица и едно малолетно дете. Според нивните зборови, тие уште од утрото контактирале со македонската амбасада во Приштина, од каде што им била ветена помош, но таа до сега не пристигнала. Тие исто така се во комуникација и со косовската полиција, но засега остануваат заглавени во опсаденото село.

Покрај нашите граѓани, во селото исто така заглавена е и група од 50-на верници од Нови Сад. Според српските медиуми, тие се заклучиле во манастирот, околу кој постојано се слушаат истрели.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons