МакедонијаНајново

Мост: Бугарскиот амбасадор во Албанија дели донации, таблети и телефони Македонците да се попишат како Бугари 

Како се одвива пописот на населението во Албанија, тгака се засилува бугарската пропаганда Македонците да се попишат како БУгари. Бугарскиот амбасадор ја посети областа Голо Брдо, а потоа и Пустец. Како што изјави претседателот на македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани кој изрази најостра осуда, вели дека амбасадорот Ивајло Киров на улица дели бесплатни таблет-уреди и мобилни телефони. Денеска амбасадорот бил во посета на Пустец каде доставил донација за болницата. Потпретседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Ефтим Митревски оваа посета ја оцени како мешање и форма на притисок и оти „не е нормално на ваков начин Бугарија да се меша во внатрешните работи на Албанија“.

бјавено на

20.9.2023 – 15:28

Сподели

Митревски нагласи дека Бугарите не фигурираат во ниту еден документ на албанската држава и дека посетата на амбасадорот е голема дипломатска грешка.

„Ова е целосно ненормално, тоа е мешање во внатрешните работи на оваа држава, како посетата на бугарскиот амбасадор, така и посетата на потпретседателката на Бугарија. Ние сме албански граѓани, одблежуваме 100 години откако оваа албанска држава не призна нас Македонците. Во ниту еден документ на албанската држава не се појавуваат Бугари и посетата на бугарскиот амбасадор е сосема погрешна. Ова е притисок“, вели Митревски, во изјава дадена во Пустец.

Ние, посочува, како граѓани на албанската држава, со македонски идентитет, бараме заштита од албанската држава.

Во текот на изминатите неколку дена, изјави Хасани од Мост, бевме сведоци на вознемирувачки дејствија на бугарската Амбасада во Албанија, поточно на посетата на бугарскиот амбасадор на нашиот регион за време на тековниот попис на населението.

„Најсилно што може, ги осудуваме постапките на бугарскиот амбасадор во Албанија, кој на вториот ден од пописот во придружба и на албанската полиција ги посети селата на Голо Брдо каде ги убедуваше Македонците да се попишат како Бугари на пописот, притоа делејќи им на улица бесплатни електронски уреди-таблети и телефони“, вели Хасани.

Со гордост кажувам, додава тој, дека наставниците од деветолетката во село Требиште не му дозволија на амбасадорот да го посети училиштето и да врши бугарска пропаганда. Исто така, како што рече и администраторот на административната единица Требиште одбиле да се сретне со бугарскиот амбасадор.

„Ние го негуваме нашето право на слободно изразување и веруваме дека секој поединец треба да има слобода да се самоидентификува и да учествува во пописот без надворешен притисок или манипулација. Ја повикуваме албанската Влада да се погрижи нашите права да бидат заштитени за време на овој клучен пописен процес. Сакаме да им се обратиме и на нашите сограѓани Македонци во Албанија. Соочени со надворешни притисоци и мешање на Бугарија, ве охрабруваме да застанете цврсто и да го зачувате вашиот идентитет“, порачува тој во име на друштвото „Мост“.

Апелира до Македонците да не потклекнуваат на каква било форма на принуда од страна на Бугарија „затоа што попишувањето е тајно и бугарската Амбасада нема да знае кој како се изјаснил.

Реагира и еден од најгласните поборници за правата на Македонците во Албанија,потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и жител на селото Требиште.

„Ова е неприфатливо и бесрамно мешање во внатрешните работи на Албанија и јасно кршење на принципите наведени во Виенската конвенција.

„Ги повикуваме албанските власти нам Македонците во областа Голо Брдо и цела Албанија да ни го гарантира правото на слободно изјаснување на пописот без притисок и влијание од страна на Бугарија. Бараме од албанските институции да го спречат бугарскиот амбасадор и персоналот на Амбасадата да ги посетуваат регионите населени со Македонци за време на пописот и да вршат притисок врз Македонците да се попишат како Бугари“, вели Османи.

Сакаме, посочува, Албанија да „обезбеди пописот да се спроведе на фер и транспарентен начин, со почитување на различните идентитети и јазици на албанското население, вклучително и мајчиниот македонски јазик“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons