МЕРКЕЛ НЕ СЕ КАЕ ЗА НЕЈЗИНАТА ОДЛУКА УКРАИНА ДА НЕ ВЛЕЗЕ ВО НАТО: Зеленски ги повика неа и Саркози да го видат резултатот од нивните отстапки
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се уште е убедена во нејзината одлука да не го поддржи забрзаниот влез на Украина во НАТО, кој беше донесен во 2008 година, пренесува ТАСС.
Според медиумот, ова за ДПА го изјавил претставникот на поранешниот шеф на германската влада.
„Поранешната канцеларка Ангела Меркел ги поддржува нејзините одлуки во врска со самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година“, се вели во соопштението.
Затоа украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска ја прозва екс-канцелартката. Тој ги покани неа и поранешниот француски претседател Никола Саркози да ја посетат Буча и „да видат до што доведе политиката на отстапки кон Русија“.
Веднаш по почетокот на инвазијата, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повика НАТО итно да ја прими неговата земја во таа организација, но подоцна изјави дека е неопходно да се препознае неможноста за приклучување кон Северноатлантската алијанса.
ФОТО: EPA/FRANCOIS MORI / POOL