ВО ЈУЛИ МАКЕДОНИЈА ИМАЛА НАД 100.000 СТРАНСКИ ТУРИСТИ: Ова се најбројни гости
Турците и Србите и натаму се најбројни гости во земјава. Македонија во јули ја посетиле над 100 илјади странски туристи, од кои најмногу имало од Турција.
Во земјава во јули годинава евидентирани се 197.273 туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика од вкупниот број туристи, 46 отсто или 90.702 се домашни, а 106.571 или 54 проценти се странски.
Македонија најмногу туристи имала од Турција (35.078), Србија (11.124), Полска (5.911), Романија(4.860).
Бројот на ноќевањата во периодот јануари – јули годинава, во споредба со лани, е зголемен за 12.4 проценти, и тоа кај домашните туристи за 0.7, а кај странските за 28.4 отсто.