Актуелно

Вчера изгаснати 19 пожари во Македонија

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 19 пожари на отворен простор, активни пожари нема,  информираат од Центарот за управување со кризи.

Изгаснати пожари се 19 пожари и тоа:

– Општина Сарај, с.Бојане, месност „Карпалак“ (каде што горела ниска вегетација и нискостеблеста шума);

– Општина Илинден, с, Ајватовци (ниска вегетација);

– Општина Студеничани, с.Моране (ниска вегетација);

– Општина Бутел, месност „Качанички Пат“ (ниска вегетација);

– Општина Чучер Сандево, месност „Качанички Пат“ (ниска вегетација) ;

– Општина Арачиново, с.Стрaчинци (ниска вегетација и стрниште);

– Општина Гази Баба, с.Булачани (ниска вегетација) ;

– Општина Струмица, с.Бориево (ниска вегетација);

– Општина Валандово, с.Брајковци (ниска вегетација);

– Општина Струга, с.Франгово (ниска вегетација);

– Општина Дебар 3 пожари, Брана Шпиле (ниска вегетација), месност „Бомовска Чешма“ (ниска вегетација), месност „Мелничи Мост“ (грмушки);

– Општина Кичево, с.Мидинци (стрниште);

– Општина Македонски Брод, с.Латово месност „Лозја“ (ниска вегетација и дабова шума);

– Општина Куманово 3 пожари, Градскиот Парк – Куманово (ниска вегетација), населба „Карпош“ месност „Рајково Куќа“ (ниска вегетација, стрниште), с.Довезeнце (ниска вегетација и стрниште) и во

– Општина Македонска Каменица, месност „Калуѓерица“ помеѓу Делчево и Македонска Каменица (каде што горела борова и дабова шума).

Пожарникарите во државата, паралелно со интервенциите на пожари на отворено, имале и повеќе интервенции на објекти во населени места, информираат од ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons