Македонија

Жителите на Таринци и Нов Караорман против локацијата која АХВ ја избра за закопување на 9000 свињи 

АХВ ја одбра локацијата за копање на јама и закопување на 9000 свињи од фарма во с. Таринци, каде на 25-ти август беше утрдено присуство на болеста африканска свинска чума кај 9 единки. Локацијата кај селото Горно Трогерци, која мнозинството од Советот на општината на вонредна седница ја изгласа, е одбиена. 

– Ние даваме локација, каде што 1 до 1,5 км нема население, нема животни, нема никакви објекти коишто би биле загрозени, како и подземните води и околината, а тие даваат локација која што е на 500 метри од индустриската зона, од Нов Караорман како населено место и некои 800 до 900 метри од селото Таринци, каде што гравитираат, живеат и работат поголем дел од населението на општината- изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.

На оваа иста локација во четвртокот доцна попладне дојде механизација за да ископа јама, но месното население се спротистави и ги спречи во намерата. Паунов вели дека, доколку жителите повторно не дозволат, ќе застане на нивна страна.

– Сакам да го истакнам мојот револт како жител и градоначалник на општината, а граѓаните се секогаш мојот прв интерес. Институциите можат да предизвикат штетни влијанија, со штетни одлуки, но овде сакам да го наметнам и прашањето зошто се дозволи и како оваа болест дојде во една огромна фарма за свињи, којашто е на територија на Општина Карбинци, истакна Паунов.

Од АХВ уверуваат дека еутаназијата ќе се спроведе во најбрз можен рок, со претходно обезбедување на сите потребни услови за безбедно уништување на животните и соодветно не штетно отстранување на мршите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons