Актуелно

Се бара ново обвинение за пожарот во модуларната болница во Тетово 

Семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година бараат ново обвинение од Основниот суд, за за в петок најавуваат нов протест. Протесниот марш ќе започне во 14 часот пред модуларната болница, ќе продолжи пред тетовскиот суд.

„Ние како семејства очекуваме ново обвинение. Од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Јас неколку пати реков дека не се тројцата само виновни и дека се работи за поголем синџир“, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.

Тој ги повика граѓаните да присуствуваат на протестот и порача протестот да не биде партиски, туку фамилиите да останат организатори.

На 5 јуни годинава, поранешните директори на тетовската клиничка болница, Флорин Бесими и Артан Етеми добија 18 месеци условна затворска казна. Тие беа осудени бидејќи предизвикале опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во болницата во критичниот момент. Според пресудата, тие нема да бидат во затвор доколку во период од три години не сторат ново кривично дело.

Докторот Бобан Вучевски, кој беше обвинет за непостапување според здравствени прописи во време на пандемија, на денешното изрекување на пресудата беше ослободен од вина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons