Спорт

Ивановски бележи најдобар ранг на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа скок од 30 места на најновата АТП ранг листа објавена денес. Деветнаесетгодишниот Ивановски сега е на 306. место што е негов најдобар рејтинг во кариерата.

Од останатите македонски тенисери, Горазд Србљак е на 1.130. место (две места пад), додека Обрад Марковски е на 1.220-ти со напредок од пет позиции.

На врвот на АТП листата е Карлос Алкараз, пред Новак Ѓоковиќ, а во топ 10 се уште и Данил Медведев, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Холгер Руне, Андреј Рубљев, Јаник Синер, Тејлор Фриц и Френсис Тиафо.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons