Актуелно

Кои се земјите со најголеми златни резерви во светот?

Ако Кина е прва во светот, Швајцарија е лидер во Европа по златните резерви. 

Кина поседува најголеми златни и девизни резерви во светот, а Швајцарија е прва на европскиот континент, покажуваат податоците на националните централни банки за мај, објави Gold.org. Станува збор за податоци кои се објавени денеска. 

Второто место припадна на Јапонија со 1,254 билиони долари, а третото на Швајцарија со 886 милијарди долари.

Во мај четвртото место го зазеде Индија со резерви вредни 590,7 милијарди долари. Таа ја надмина Русија, која загуби 11,6 милијарди и со тоа падна на 584,2 милијарди долари резерви. Во првите 10 спаѓаат и Саудиска Арабија – 442,2 милијарди долари, Хонг Конг – 421 милијарди долари, Јужна Кореја – 420,9 милијарди долари, Бразил – 343,5 милијарди долари и Сингапур – 325,7 милијарди долари, пренесува Танјуг. Германија е на 11-то место, а САД се на 12-то место.  Златото има добра цена  и можно е и натаму да расте. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons