Актуелно

Спасители на вода има, но нема законска регулатива за нив

Состојбата со спасителите на вода во државата се подобрува, но она што недостасува е соодветен закон со кој тие ќе бидат опфатени, смета  меѓународниот инструктор по безбедност на вода Кирил Стојменов. Според него во последните години има значително подобрување кога станува збор за ангажирањето на спасителите како на затворените, така и на отворените водени површини, но проблем е што тоа е сезонски ангажман па наместо да останат овде голем дел од спасителите заминуваат надвор од државата.

Доколку се најде правна рамка со која ќе се регулира оваа област во исто време ќе бидат заштитени и спасителите, но и сите кои стопанисуваат како со отворените така и со затворените водени површини.

Во светски рамки   давењето е втора причина за смртност, веднаш после сообраќајните несреќи. На годишно ниво поради давење животот го губат околу 300 000 лица. Токму поради ова лиценцираните спасувачи апелираат до сите стопанственици да посветат поголемо внимание на безбедноста на вода, а граѓаните кои заминуваат на капење да ги почитуваат општите препораки и да не се изложуваат на сонце пред да влезат во вода, да не скокаат на непроверени места, да не конзумираат алкохол и премногу храна на плажа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons