Ристовски и Стоилов нови предводници на РК Вардар
Македонскиот ракометен гигант Вардар денеска најави значајни промени во своите редови кои треба да му обезбедат не само безбедна иднина на клубот туку и да го вратат на европскиот врв. Палката од денеска ја превземаат македонските легенди кои се збогуваа со ракометните терени и се селат на нови позиции. Досегашниот прв човек на црвено-црните Михајло Михајловски најави повлекување од клубот и Вардар го остава во рацете на Борко Ристовски и Стојанче Стоилов кои ставаат крај на своите кариери и се посветуваат на водењето на клубот. Позицијата извршен директор во иднина наместо Михајловски ќе ја извршува голманската легенда Борко Ристовски. На тренерската функција останува Борче Недановски а негов прв помошник ќе биде Стојанче Стоилов. Од редовите на Вардар најавија дека финансиите во клубот се стабилизирани и дека се планира настап во СЕХА регионалната лига доколку истата се игра.