Актуелно

Неофицијално: Во Основен суд Куманово изгорела стара архива

Изгаснатиот пожар во подрумските простории на Основен суд Куманово се уште се контролира. Се уште не се знае колкава  е штетата предизвикана во просториите на судскиот архив, а неофицијално, како што тврди ТВ Алсат, изгорела стара архива на предмети од 70-тина години.

Основниот суд Куманово барем до понеделник нама да работи поради немање струја и вода за пиење во зградата.

Противпожарна стража ќе има во текот на целиот ден пред кумановскиот суд, информираа денеска надлежните. Мирис на чад се уште се чувствува околу судот. Освен противпожарна екипа на терен се и претставници од МВР, од судот и обвинителство. 

Увидот е одложен, поради укажувањата на противпожарната единица, соопшти шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани во изјавата за МИА.

– Увидот е одложен поради укажувањата на командирот на ТППЕ Куманово кој ни објасни дека не е безбедно и дека ќе има пожарна стража до утре. Останува утре да се изврши увидот, доколку се обезбедат сите услови, изјави Бедиу Рамадани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons