Актуелно

Денеска завршува ограничувањето на трговската маржа на основните прехранбени производи

Денеска завршува владината мерка за ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи која беше воведена за време на кризната состојба.

Од организацијата на потрошувачи велат дека Владата мора од 1 јули да внимава затоа што трговците ќе имаат „одврзани раце“ и ќе можат да ја зголемат цената на лебот, шеќерот, млекото, јајцата и другите производи.

Од Министерството за МИА велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста.

– Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, наведуваат за МИА од Министерството за економија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons