МакедонијаНајново

Нашите пиперки се продаваат по 3 евра за килограм во Хрватска 

Извезените пиперки од Македонија во Хрватска се продаваат по 3 евра за еден килограм. Дел од земјоделците преку социјалните мрежи негодуваат дека од нивната мака премногу ќаруваат трговците.

Но дел коментираат дека не може да се очекува иста, или слична цена на нашиот пипер во Хрватска кога има трошоци за пакување, транспорт и царински давачки.

Фото: Фејсбук/Земјоделие.мк

Земјоделците велат дека овие пипеки ги продаваат по 40 до 50 денари, на пазарите кај нас може да се најдат по цени од 60 до 80 денари, додека во маркетите се над 100 денари.

Инаку, според тврдењата на луѓе што во моментов се во Хрватска, таму пиперките се 3 евра, лубеницата 1 евро, грозјето 3, доматите 3, краставицата 2,5 еврата, а компирот 2 евра за еден килограм.

Просечната нето-плата во Хрватска е 1.120 евра, а во Македонија е 588 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons