Славица е бисер дете, а јас сум слаб на Македонците, рече Ѓорѓе Давид по победата во Ѕвездите на Гранд
Славица Анелова од Струмица победи во „Ѕвездите на Гранд“, а нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по завршувањето на музичкото шоу со емоции зборуваше за сите заеднички моменти кои ги поминале на пробите. Рече дека колку тој е заслужен за овој успех, толку и Славица му помогнала да стигнат до врвот.