НајновоСпорт

БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ: ВИНАТА Е МОЈА И СЕ ИЗВИНУВАМЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА 

БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ: ВИНАТА Е МОЈА И СЕ ИЗВИНУВАМЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, се извини по НАЈГОЛЕМИОТ ПОРАЗ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ФУДБАЛ.

„И се извинувам на цела Македонија од нашето издание и перформанс вечерва. Одговорноста е моја. Цело мое извинување до целата нација и посебно извинување и благодарност до сите оние кои вечерва дојдоа на Олд Трафорд да не поддржат“, изјави Милевски.

„Може да кажам дека играчите се исти оние кои играа со Италија, Португалија, Германија… Јас сум истиот но ете се случуваат вакви работи, за жал, во фудбалот кои никој не ги посакува. Потфрливме сите, почнувајќи од мене па понатаму во сите линии. Потфрливме во се, а одговорноста е само моја затоа што јас го избирам составот, јас одредувам тактика. Факт е дека се соочивме можеби со најсилната селекција во Европа, но факт е дека потфрливме во исполнување на одредени тактички замисли иако јасно е дека по оние први погодоци кои дојдоа поради индивидуални грешки, понатаму се се сруши. Во секој случај пресуди индивидуалниот квалитет на противникот, кој е на едно друго ниво. Нивното издание вечерва е за секоја пофалба.“, дополни Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons