Скопска Општина донираше 300 000 денари за санирање на последиците од синоќешното невреме во Делчево
Александар Стојкоски: ❗️3️⃣0️⃣0️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ денари финансиска помош од Општина Ѓорче Петров за Општина Делчево за санирање на последиците од синоќешното силно невреме
🆘️ Солидарност со нашиот народ! Советниците на денешната седница донесоа итна одлука за помош на делчевскиот регион кој беше зафатен од силни врнежни што донесе поплавени подрачја.
✅️ Општина Ѓорче Петров е првата скопска општина која експресно донесе одлука за помош на погоденото подрачје.
❤️ Солидарноста е синоним за Ѓорче Петров, а покажувањето хуманост во вакви тешки моменти е големина на големите. Ние сме секогаш на страна на најголемата човечка особина и доблеста на еден поединец или колектив.
🔴 Без разлика на партиска, верска или било каква друга разлика, во моменти на вакви непогоди, наша морална должност е на било каков начин да им помогнеме на нашите колеги.
🤝 Благодарност до сите градоначалници и тимови од други општини кои на било каков начин учествуваат во помош на погоденото подрачје.
❗️Нашата парола е „модерно, урбано и хумано“ и тоа никогаш не смееме да го заборавиме!