Лани секој жител на Македонија создал повеќе отпад – 467 килограми
Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјава во 2022 година изнесува 856.766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3,3 % повеќе од 2021 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Македонија во 2022 година изнесува 605.638 тони. Споредено со 2021 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2022 година бележи намалување од 4,2 %.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 172.288 тони или 28,4 % од вкупното собрано количество. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 506.257 тони или 84 % се од домаќинствата, а останатите 16 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 494.693 тони или 81,7 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1.487 тони или 0,2 % од вкупното количество собран комунален отпад.