СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА, А ЧЕТИРИ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ – Тешка сообраќајка во Скопје 

Тешка сообраќајна незгода се случила вчера во околината на Скопје, при што едно лице починало, додека четири лица се повредени. 

При несреќата починал возачот на еден од автомобилите кои учествувале во сообраќајката, додека неговиот сопатник, и возачот на другото возило се тешко повредени. 

– На 20.04.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на регионален пат  во атар на с.Ќојлија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(19) од с.Ќојлија, и патничко моторно возило “даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(60) од с.Долно Коњари. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Р. кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде починал, а смрт била констатирана од страна на лекар. 

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Х. и сопатник од возилото “даеву матиз“ Љ.Г.(63) од Скопје, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. 

Со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од возилото “сеат ибица“ А.Д.(22) и И.Д.(24) двајцата од Скопје констатирани во Комлексот клиники “Мајка Тереза“ – соопштуваат од МВР.

Од таму додават дека увидот го извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons