Македонија

Русковска: Имав притисоци за да се откажам од случајот „Рашковски“, ми нудеа да бидам заменик републички обвинител 

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, обвинителката тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што таа како шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ја отворила за Драги Рашковски.

Таа изјави дека имала притисок и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички јавен обвинител. Со овие понуди, како што рече таа, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми“.

Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече односно да се откаже од истрагата за случајот со Рашковски.

– Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев, за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на Законот за кривична постапка, а Калајџиев кој бил дел од Законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми, изјави Русковска вечерва во гостувањето на ТВ Телма.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons