Актуелно

Македонците најмалку јадат месо во Европа 

Македонците, Албанците, Турците и жителите на Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо, покажува мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа, објавена од „Landgeist“. Годишно, овие земји консумираат по 39 килограми месо.

Најголема потрошувачка на месо во регионот има Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител.

Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.

Шпанија е на прво место во Европа со 99 килограми месо по жител. Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.

Податоците на „Landgeist“ за потрошувачката не месо не ги вклучуваат рибата и морските плодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons