МакедонијаНајново

Од толку Бугари во Македонија САМО 169 се пријавиле за гласање 

Само 5 проценти од декларираните Бугари на последниот попис во Македонија, пријавени за гласање на парламентарните избори во Бугарија. 

На 2 април на шест избирачки места во државата ќе гласаат 169 лица. Избирачко место било предвидено и за Охрид, но како што стои и на официјалната страна на амбасадата, во балканскиот Ерусалим каде е и клубот Цар Борис, никој не изразил желба за гласање. 

Најмногу гласачи или 42 има во Кавадарци, по што следуваат Прилеп, Тетово, Струмица, Скопје. Најмалку, или само 9 пријавени се во градот на конзулите во кој беше отворен првиот бугарски клуб – „Ванчо Михајлов“.

Во споредба со претходните изборни циклуси во Бугарија, ова е најмала бројка на пријавени гласачи во Македонија. Побаравме став од бугарската амбасада во земјата на што се должи ова драстична промена во бројките, но до подготвување на прилогот, одговор не добивме.

Инаку во земјата согласно податоците од спроведениот попис во 2021 година, 3504 граѓани се декларирале како Бугари.

Освен во нашата земја, на парламентарните избори кај источниот сосед ќе има избирачки места во уште 60 држави во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons