Актуелно

По тенковите и авионите Македонија ќе и ги донира 12-те хеликоптери „Ми-24“ на Украина 

Северна Македонија е пред одлука да ѝ донира хеликоптери на Украина, која побарала ваква помош од земјава во борбата против агресијата од страна на Русија, Неофицијално, „360 Степени“ дознава дека ќе се ослободуваме од 12-те армиски хеликоптери „ми-24“.

Ова може да се заклучи од одговорот на Министерството за одбрана откако министерката Славјанка Петровска во телевизиски настап пред два дена откри дека на владина седница на 14 март била донесена одлука за нова донација за украинската армија.

Податокот за последната одлука е класифициран, но според одговорот, донацијата на хеликоптери ќе биде дел од следна одлука за уште една донација што се очекува наскоро.

„Одлуката од вторникот за воена помош на Украина е податок кој е класифициран. Ве информираме дека во согласност со побарувањата од украинска страна, во тек е изработка на анализа дали може да се одговори позитивно на нивното барање за донација на хеликоптери. При оваа анализа се земаат предвид плановите наведени во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, според кој се предвидува набавка на нови повеќенаменски хеликоптери кои треба да ги заменат постоечките. Согласно планот за модернизација на Армијата, работи Интегриран проектен тим кој е во фаза на евалуација на понуди од различни производители, за набавка на повеќенаменски хеликоптери за потребите на Армијата, но и за цивилна заштита и спасување“, стои во одговорот на Министерството.

Од друга страна се очекува и одлука за тоа какви и колку нови хеликоптери на западна платформа ќе бидат набавени за потребите на нашата армија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons