(ФОТО) Како по апокалипсата: Срамнет е со земја украинскиот град Маринка
Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер објави две слики од градот Маринка во источниот регион Донецк во Украина, каде се водат тешки борби против руската војска. Министерството напиша дека градот е срамнет со земја.
И Артем Шус, началникот на полицијата во Маринка, рече дека неговиот град е целосно уништен.
„Маринка е целосно евакуирана, во градот нема никој освен војници. Нема начин во овој момент цивилно население да живее таму“, изјави Шус за АП.