ПАДНА ОДЛУКА: Турски град ќе биде срамнет со земја и повторно изграден
Поради катастрофалниот земјотрес, турски град ќе биде срамнет со земја и повторно изграден.
Се работи за градот Нурдаг, кој имаше околу 40.000 жители и се наоѓа во округот Газиантеп. Гувернерот на округот Шарнак, Осман Билгин потврди дека ќе го урнат градот, а потоа ќе го изградат.
„Одлуката за градот Нурдаг ја донесовме со нашиот министер за животна средина и урбанистичко планирање Мурат Курум. Целосно го бришеме овој град, го уриваме целосно, сто проценти“, вели тој.
Нурдаг е оддалечен само 20 километри од градот Пазарџак, што беше епицентар на првиот од серијата разорни земјотреси. Погодена беше и Сирија.