(ПОТРЕСНИ ВИДЕА) ОГРОМЕН ДЕЛ ОД ЗГРАДА СЕ ОДВОЈУВА И ПАЃА НА УЛИЦА, ВРАБОТЕНИ ВО ХОТЕЛ СЕ ПИКААТ ПОД МАСИ – бројот на починати се искачи на над 1.900
Според последните официјални податоци, пренесени од АП, најмалку 1.900 луѓе загинале во земјотресите во Турција и Сирија. Низ Турција, најмалку 1.100 луѓе загинаа, а 7.600 беа повредени.
Во Сирија загинаа најмалку 430 луѓе, а повредени се 1280. Овие бројки не се конечни, се очекува бројот на загинати да продолжи да расте.
Во текот на денот постојано пристигнуваат нови снимки. Едно видео од Турција покажува како дел од зградата едноставно се откинал и паднал на патот. Очигледно во тој момент нема никој на патот.
Едно видео ја покажува внатрешноста на турски хотел, како вработените во кујната панично се кријат под масите.
Фото: Принтскрин