МакедонијаНајново

ПРОВЕРЕТЕ СИ ЈА ТРАНСАКЦИСКАТА Почна исплатата на финансиска поддршка 

Седум категории граѓани ќе добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Овие категории граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци:

– корисници на правото на социјална сигурност на стари лица,

– корисници на посебен додаток

– корисниците на правото на надоместок заради попреченост,

– корисници на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и

– самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

– корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се исплаќа финансиска поддршка за корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, и тоа за корисници со пензија до 11.525 денари месечно, 1.500 денари месечно, за период од четири месеци, и од 11.526 денари до 14.000 денари месечно, изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци. За корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување 750 денари месечно за четири месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons