Бејл изненади: На 33 години му кажа збогум на фудбалот и оди во пензија!
Герет Бејл соопшти дека оди во пензија, Велшанецот на 33 години реши да ги обеси копачките на клин и да се фокусира на други работи.
Герет Бејл се збогува со фудбалот, Велшанецот со објава на социјалните мрежи откри дека оди во пензија.
Напаѓачот има пет титули во Лигата на шампиони, го предводеше Велс до прв настап на Европско првенств, и прв настап на Светско првенство по 1958 година.
Но неговата кариера почна да оди во надолна линија од 2019 година, често беше критикуван дека многу поголемо внимание му посветува на голфот отколку на фудбалот.
По неколкуте тешки сезони на клупата во Реал Мадрид и авантура на позајмица во Тотнем, Бејл оваа година се пресели во САД во редовите на Лос Анџелес ФК, но очигледно фудбалот му беше во втор план, па сега по крајот на мундијалот во Катар, напаѓачот реши да се повлече на 33 години.