Актуелно

80 нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро што го загадуваат луѓето

Нуркачи од регионот викендот спроведоа акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад. Во акцијата организирана од Нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид учествуваа 80 нуркачи од клубови за подводни дејсности од земјава и од Србија, Хрватска и БиХ, чистејќи го дното на езерото на локации во близина на автокампот „Градиште“.

Во текот на акцијата отстрането е големо количество отпад од дното на езерото, а испратена е и уште една порака за значењето на еколошката свест, заштитата на природата и регионалната соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons