42 години специјална единица „Тигри“ – доаѓаат 11 нови члена, 2 други одат во пензија
Командантот на антитерористичката единица Тигри, Драган Прокоповски по повод 42 годишнината од формирањето на оваа единица рече дека борбата против тероризмот и насилниот екстремизам и националната безбедност се приоритет на оваа единица. Прокоповски спомна и неколку вежби во последните две години реализирани од страна на припадниците на оваа единица, а соопшти дека единицата во последните две години добила 11 нови члена.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека во касарната “Илинден“ за специјалната единица Тигри е уреден и полигон за урбани вежби при опасни ситуации.
Безбедноста на граѓаните е најважна, рече премиерот Димитар Ковачевски кој додаде дека нема да се штеди во инвестирање во “Тигрите“.
Меѓу другото, беа доделени подароци и благодарници за Горан Ангеловиќ и Душко Николоски, припадници на оваа единица кои заминуваат во пензија.