27 изгаснати пожари 

Во последното деноноќие имало вкупно 28 пожари на отворено од кои еден сè уште е активен, соопшти Центарот за управување со кризи.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека вчера во 14:15 часот било пријавено дека горти ниска шума и бегетација меѓу селата Зелениково и Градовци (Општина Зелениково). Овој пожар беше брзо изгаснат, како и двата пожари на територијата на Општина Охрид, по еден во Велес и Штип, шест во Битола, пет во Тетово и 8 изгаснати пожари во Куманово.Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons