24 часа ни трага ни глас од Вања, 14-годишното девојче кое исчезна, мајката стравува дека е киднапирано 

Помибаа 24 часа откако, полицијата, членови на семејството и граѓани кои доброволно се јавија, трагаат по исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје. Вчера утрото тргнало за на училиште, но потоа и се губи секаква трага.

-Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816, објави вчера мајката на Вања.

Редакцијата на Курир веднаш по добивање на информацијата ја контактираше мајката на девојчето, која видно вознемирена рече дека утрото Вања била весела и расположена, и рекла дека ќе се слушнат после првиот час, но од тогаш и се губи секаква трага. Кратко откако го напутила домот, нејзиниот телефон станува недостапен.

Мајката се сомнева дека е насила одведена, односно киднапирана, бидејќи Вања е одговорна личност и примерна ученичка.

Огромен број на граѓани на социјалните мрежи го споделуваат вознемирувачкиот апел за помош од мајката на Вања. Дел од нив, со часови го бараат девојчето низ скопските улици. На терен, по пријавата, излезена е и полицијата.

Како што дознава курир во текот на денот вчера, се разгледани снимки од безбедносните камери од згради и објекти во близина на училиштето во Центар, кон кое Вања денес се упатила, но не се појавила. Ученичката тргнала пешки бидејќи од нејзиниот дом до училиштето има само неколку минути одење. На тој кус пат, се губи нејзината трага.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons