Актуелно

237 семејства добиле нова шанса за БПО: Фондот го зголеми бројот на обиди на шест

Зголемувањето на бројот на обиди за биомедицински потпомогнато оплодување (БПО) што се финансираат од Фондот за здравствено осигурување веќе дава конкретни резултати. Наместо досегашните три, осигурениците сега можат да добијат поддршка за најмногу шест обиди.

Од Фондот информираат дека во периодот од 7 август 2025 до 20 август 2026 година биле поднесени и разгледани вкупно 1, објави 4news.mk 883 барања за БПО. Од нив, 237 се однесувале на четврти, петти или шести обид – можност која претходно не била покриена од Фондот.

Најголем дел од дополнителните барања биле за четврти обид. Вкупно 216 осигуреници побарале четврта постапка, 17 поднеле барање за петти обид, додека четири барања се однесувале на шестиот обид.

Според податоците на Фондот, дополнителните обиди претставуваат околу 12,6 проценти од сите разгледани барања во наведениот период.

Од институцијата посочуваат дека бројките покажуваат оти законската промена не останала само можност на хартија, туку осигурениците активно ја користат.

Реформите во БПО, покрај зголемувањето на бројот на обиди, донесоа и промени со кои постапката треба да биде поедноставна за пациентите.

Така, воведена е електронска достава на известувањето за одобрено право на БПО, додека рокот за поднесување приговор е продолжен од осум на 15 дена. Дополнително, осигуреното лице може да ги користи здравствените услуги за БПО врз основа на известувањето од Фондот, без дополнителен упат од избран гинеколог во примарната здравствена заштита.

Од Фондот додаваат дека за БПО постапките реализирани во осум здравствени установи со кои имаат склучено договори, во текот на 2025 година биле издвоени повеќе од 97,3 милиони денари, објави 4news.mk 

Според нив, проширувањето на правото е особено значајно во услови на намален наталитет и демографски предизвици. Целта е финансиските ограничувања да не бидат причина семејствата да се откажат од обидите да добијат потомство.

„Зад секоја од овие бројки стои семејство кое добило уште една можност да продолжи таму каде што претходно системската поддршка завршувала“, велат од Фондот.

Оттаму нагласуваат дека зголемувањето од три на шест обиди не го гледаат само како законска измена, туку како дополнителна можност за семејствата кои се соочуваат со проблеми при остварувањето на родителството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons